Тажна вест од Србија: Почина легендарниот Џевад Прекази!

164

На 70 години денеска почина легендарниот фудбалер на Партизан, Џевад Прекази. Некогашна голема ѕвезда во екс – СФРЈ кој беше идол на многу фанови на “црно – белите“, едно од најдобрите крила во негово време, на овие простори.

Тажна вест за навивачите на Партизан, чиј дрес го носеше за време на неговата играчка кариера од 1976 до 1983 година. Собра три шампионски круни во поранешна Југославија.
Тој, исто така, одбележа епоха во Галатасарај. Одигра 185 натпревари во Турција од 1985 до 1991 година и во тој период освои две национални шампионски титули.
По Партизан, играше за Хајдук од Сплит, а потоа играше шест месеци во Америка за Балтимор Бластерс. Играше и за Алтај, додека одигра три натпревари во младата репрезентација на Југославија.
Како тренер, тој го водеше Железник во два наврати, но без значителен успех, како и во помладите категории на неколку домашни клубови.
Сепак, Прекази остави свој белег во југословенскиот фудбал, а неговото име со право зазема посебно место меѓу поранешните играчи на црно-белиот тим.

Се огласи и неговиот Партизан:

ПретходноШампионот ја доби скопската пресметка, Штип славеше во Битола
СледноВо чест на Андреј Лазаров: Промоција на книгата “Бојот се бие во срцето на јунакот“!