За македонските ракометари стигна уште едно големо предупредување!

53
фото: svensk handboll (FB)

Македонската ракометна репрезентација не успеа да дојде до вториот триумф во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на гостувањето кај Грција беа поразени и надиграни со крајни 29-24. Негативата не е страшна, но е загрижувачка бидејќи Македонија одигра под секое ниво.

Дека избраниците на Лазаров ги чека уште попеколна задача говори и крајниот резултат помеѓу Луксембург и Шведска. Гостинскиот тим славеше со 50-20 и со втората победа се зацврсти на лидерската позиција во нашата група.

На оваа средба скандинавската селекција стана прва во историјата што постигнала 50 погодоци на еден квалификациски натпревар.

Македонија во март ја чека двомеч токму со Шведска, ако сака да биде конкурентен тим ќе мора да се покаже во подобро издание од ова вечерва.

ПретходноАлкараз е господарот на Париз!