ПМФЛ: Башкими посакува бодови против Брегалница

1
ФОТО:FFM.MK

Башкими против Брегалница од 12 часот во Куманово е првиот од двата денешни натпревари од 13.коло во нашата елитна лига. Откако најдобриот во кумановскиот табор Луис Рибеиро од лични причини го напушти Башкими, овој тим и тоа како ќе биде ослабен во наредниот период. Денеска ќе видиме како ќе се снајде без Португалецот со германски пасош, но без секого се може и мора, тоа е девизата на тимот на стратегот Муарем Муарем.

Брегалница која игра во променлива форма, тим кој знае да блесне а потоа и дома да загуби во изминатите неколку кола играше против Тиквеш, Вардар и Шкендија (Т) имаше проблем како да дојде барем до бод, но против Арсими на гости освои три бода. Сега на ред е Башкими кој секако дека треба да се респектира, но и тим против кого Брегалница има право и тоа како да се надева барем на бод.

На табелата овие два тима ги делат само три бода, Брегалница е седма со 13 а Башкими деветти со 10 бода. Ова покажува колку е овој меч знчаен за двете екипи. Со три бода кумановци ќе се израмнат бодовно со штпските “сини“, во спротивно Брегалница ќе избега од опасната зона.

Натпреварот е закажан за 12 часот а главен судија ќе биде Бењамин Керими.

ПретходноСтеф Кари ја урна магијата во Орландо и ги остави зад себе Џордан и Леброн (ВИДЕО)