РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за НМКД!

0

Нова провокација од страна на Грците кои на ТВ преносот ракометниот дуел со нашата селекција, поставија кратенка НМКД, а се знае дека кратенката е МКД.

По тој повод се огласи и Ракометната федерација на Македонија:

“ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција. Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина“. велат од РФМ.

ПретходноДали ова е крај: Нојер со нова повреда, следува долга пауза!