Лука Станковски: На нас, играчите, ни е најтешко поради поразите, ќе направиме сè за да ја поправиме ситуацијата

62

Македонскиот интернационалец и репрезенативец, Лука Станковски е дел од составот на селекторот Гоце Седлоски за последните два натпревари од Лигата на Нации. Нашите фудбалери играат против Шкотска на гостински терен (13.11) и против Словенија дома (16.11).

Добро е познато дека Македонија е без победа на осум натпревари, но и без постигнат гол, сето ова во ерата на Седлоски, кој и натаму мака мачи да најде начин како нашиот најдобар национален тим да излезе од темните облаци.

Секако овој негативен тренд најтешко им паѓа на фудбалерите, кои овој пат најавија дека сакаат да го променат овој статус и да дојдат до победа.

„Нè очекуваат два тешки натпревари, но се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Нашата цел на секој меч е победа и можам да ветам дека ќе дадеме 100 проценти од можностите за да ја израдуваме Македонија.

Тешко е да се заборават поразите, но верувајте дека ние, играчите, најтешко ги доживуваме. Даваме сè од себе, не само на теренот туку и на психолошки план, за да ја надминеме оваа ситуација. Се надеваме дека ќе стигнеме до позитивен резултат. За жал, веќе немаме шанси за пласман понатаму, па можеби ќе бидеме психолошки порелаксирани и ќе можеме да одиграме подобро“, изјави на денешниот собир Лука Станковски. 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА исплати повеќе од милион евра за ВЛТ Џекпот добивки во октомври
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)