Малески: Посакуваме победа против Словенија, а зошто не и против Шкотска….

158

Македонската фудбалска репрезентација сè уште ја бара вистинската форма во Лигата на нации. Под водство на селекторот Гоце Седлоски, националниот тим сè уште нема победа, ниту постигнато гол, нешто што досега не ѝ се случило на репрезентацијата во нејзината историја. Се менуваат играчите, но резултатите и проблемите остануваат.

Сепак, во ваква ситуација најважно е фудбалерите да не ја губат надежта. И покрај критиките од јавноста, вербата во подобри резултати останува. Христијан Малески, член на Струга Трим Лум, смета дека фактот што Македонија ги игра последните два натпревари од овој циклус може да им овозможи на репрезентативците да настапат послободно, без дополнителен притисок, и да се обидат да стигнат до посакуваните победи.

„Се надевам дека сега ќе ни биде полесно, дека ќе влеземе послободно, без притисок. Нè очекуваат два тешки натпревари, но најважно е секој што ќе добие шанса да го даде максимумот и да се обидеме да ги добиеме мечевите. Се надевам дека ќе бидеме многу подобри од претходно и конечно ќе го постигнеме тој гол. Веруваме дека можеме да погодиме и да победиме, не само против Словенија туку и против Шкотска.“

Македонија во петок ѝ гостува на Шкотска, додека на 16 ноември ќе ја пречека Словенија во последниот натпревар од овој циклус.

ПретходноНова надеж за Македонија: Нов собир, нова битка за гол и победа (ФОТО)
СледноПетровски: Мора да бидеме реални дека создавањето конкурентна репрезентација е процес кој бара време и трпение!