Вембањама сезонава има повеќе забивања од дури 23 НБА тимови

0

Виктор Вембањама продолжува да ги поместува границите во НБА-лигата. Центарот на Сан Антонио Спарс има толку многу забивања на почетокот од сезоната што неговиот индивидуален учинок е поголем од вкупниот број забивања на дури 23 екипи во лигата.

Според статистиката за сезоната 2026/27, Вембањама има 58 забивања на 11 натпревари, односно во просек повеќе од пет по натпревар. Тоа е уште еден показател за неговата физичка доминација и способноста да ја завршува акцијата над противничките одбрани.

Неговиот настап дополнително доби на тежина во последниот дуел против Феникс, кога постигна 40 поени, 11 скока и девет блокади за само 25 минути, во победата на Сан Антонио од 122:96.

На само 22 години, Французинот веќе се наметнува како еден од најдоминантните играчи во лигата, а статистиката со забивањата е уште една потврда за тоа.

ПретходноЕндрик веќе одлучил, во јануари си оди од Реал