Петровски горд на борбеноста и карактерот на девојките

1

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз ги започна претквалификациите за Евробаскетот 2029, но селекторот Виктор Петровски, и покрај конечниот резултат, има причини да биде задоволен од односот и борбеноста на своите избранички.

По натпреварот против Романија, Петровски упати честитки до кошаркарките за карактерот што го покажале на теренот, потенцирајќи дека ниту високата негатива по првата четвртина не ги обесхрабрила.

„Сакам да им честитам на девојките за начинот на кој се бореа и за карактерот што го покажаа. И покрај тешката прва четвртина и негативата во која се најдовме, не се предадоа ниту за момент. Продолжија да веруваат, да се борат за секоја топка и даваа максимум до последната секунда.

Покажаа огромна енергија, пожртвуваност и вистински тимски дух. Навистина сум горд на нив, на нивниот однос кон дресот и на желбата што ја покажаа на теренот. Мислам дека токму ваквиот карактер, заедништво и борбеност се основата врз која треба да ја градиме оваа репрезентација.

Резултатот овојпат не беше во наша корист, но девојките заслужуваат искрени честитки за прикажаното“, истакна селекторот Петровски.

ПретходноМарканен ја скрши раката, го чека пауза од најмалку еден месец