Линдзи Вон покажа што и е извадено по деветтата операција!(ФОТО)

85
ФОТО: Screenshot Instagram

Легендарната скијачка Линдзи Вон беше подвргната на нова, деветта операција по сериозниот пад на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во февруари. Девет месеци по несреќата, беше извршена процедурата за отстранување на сите плочки и завртки од нејзината нога за да може да се имплантира нов преден вкрстен лигамент. Вон изјави дека операцијата поминала добро и најави дека наскоро ќе сподели повеќе информации. По процедурата, таа објави кратко видео во кое ги покажа отстранетите метални делови, со коментар:

„Сето ова ми го извадија од ногата“. Видеото ја покажува и нејзината десна нога покриена со завои. За Вон, ова е продолжение на тежок период што започна со сериозна повреда на предниот вкрстен лигамент. Таа ја претрпе повредата на спуст во рамките на Светскиот куп, непосредно пред Олимписките игри. И покрај ова и тешкото закрепнување, таа одлучи да се натпреварува на Игрите.
Таа се појави на почетокот на спуст трката во Милано и Кортина, но падна по само 14 секунди и беше префрлена со хеликоптер од патеката.

ПретходноВардар и Скопје ќе се „тестираат“ во сабота во Кадино
СледноЛН: Фантастичниот гол на Арда не ја спаси Турција од пораз (ВИДЕО)