Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на официјалната прес-конференција во Глазгов пред утрешниот натпревар со Шкотска, ги искажа своите очекувања од утрешниот дуел.
„Мило ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во своите клубови. Се надевам дека ќе продолжат со таа минутажа. Играчите се во подобра форма од пред еден месец, се надевам на сѐ подобри изданија. Направивме анализа, знаеме каков фудбал игра Шкотска, ние сме подготвени, нема од што да се плашиме. Ако тие бидат агресивни, треба и ние да бидеме уште повеќе“, порача Седлоски.
Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра утре на „Хемпден парк“ со почеток во 20:45 часот.










