Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските квалификации за Европското првенство 2027.
Македонија ќе биде домаќин на турнир во групата Е во втората рунда од евро-квалификации.
На поширокиот список на селекторот Стојанов се најдоа 19 одбојкарки од седум домашни клубови кои ќе се борат за место во конечниот список од 14. Поголемиот дел од нив се репрезентативки кои настапуваа и во првиот дел, односно Зонските квалификации.











