КК Скопје одбра ново тренерско име!

70

КК Скопје има нов тренер. По разделбата со Мирко Петрески, раководството на актуелниот вицешампион во македонската кошаркарска лига се одлучи за искусниот Александар Петровиќ, кој ќе има задача да го извлече тимот од резултатската криза.

Петровиќ се враќа на тренерската работа по заминувањето од Гостивар во февруари годинава. Во својата кариера зад себе има богато искуство, а меѓу клубовите што ги предводел е и МЗТ Скопје, со кој успеа да стигне до шампионската титула. Работеше и во Пелистер, Академија ФМП, Куманово и Карпош Соколи.

Новиот предводник го презема КК Скопје во незавидна ситуација. По шест одиграни кола, тимот има само една победа и се наоѓа на дното на прволигашката табела.

Петровиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со екипата, додека дебито на клупата ќе го има во недела, на гостувањето кај Штип.

ПретходноАндреј Лазаров ќе живее вечно: Промовирана книга посветена на неговиот живот и дело!
СледноПет меча и само една победа против Шкотска: Дали петок 13-ти ќе биде среќен за нас?! (ВИДЕО)