Уште една победа, уште еден успех на Игор Мрме Ангеловски како селектор на А-репрезентацијата на Таџикистан. Имено тој денеска во полуфиналето на “Кинг Купот“ заедно со своите избраници славеше со 1:0 против репрезентацијата на Оман и со тоа се пласира во големото финале на овој турнир кој се одржува во Тајланд.
Стрелец на победничкиот гол за составот на Мрме беше Бобоев од пенал во 60.минута.
Да потсетиме дека заедно во стручниот штаб на поранешниот селектор на Македонија, сега во репрезентацијата на Таџикистан се и Милан Илиевски и Иван Јовановски.










