Бутел Скопје по голема драма го победи Пелистер 2

0
Фото: РК Бутел Скопје

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Пелистер 2 донесе драма и неизвесност до самиот крај, а победникот беше решен во последните секунди. Бодовите остануваат во Скопје, откако тимот предводен од Стојанче Стоилов славеше со 27-26 за втора победа оваа сезона во Супер-лигата.

Битолчани добро го отворија натпреварот, па по 12 минути игра имаа предност од четири гола (4-8). Бутел Скопје во продолжението беше во негатива од два до три гола, но пред крајот на првото полувреме работите се променија. Јовиќ во последните секунди од првиот дел израмни на 12-12, најавувајќи неизвесно продолжение.

Домашниот тим на средината од второто полувреме поведе со два гола разлика (20-18), но Пелистер 2 успеа да се врати и да израмни, па следуваше вистинска драма во последните минути. Откако Јовиќ донесе 25-25 на две минути до крајот, гостите не искористија седмерец, а Субашевски реализираше за 26-25. По тајм-аутот на битолчани, Димевски донесе израмнување (26-26), но на спротивната страна херој на Бутел Скопје беше Матеј Марковски, кој ги постави конечните 27-26.

Јовиќ беше лидер во победничкиот состав со 11 гола, додека Чаневски запиша 15 одбрани, од кои три од седум метри. Кај гостите, Димевски исто така постигна 11 погодоци.

ПретходноВаквата “седумка“ веќе никој нема да ја носи во репрезентацијата на Португалија!(ФОТО)