Шпанците го подобрија светскиот рекорд – 43 натпревари без пораз

1
ФОТО:.facebook.com/SeFutbol
Шпанија ја потврди репутацијата на најмоќната и најдобра репрезентација во светот по којзнае кој пат, а воедно ја продолжи и својата долга серија натпревари без пораз.

Избраниците на Луис де ла Фуенте во четвртокот ја победија Чешка на гостински терен со 2:0 во Лигата на нации. За актуелниот европски и светски шампион тоа беше 43. натпревар на кој не доживеа пораз во регуларниот дел од мечот!

Оваа рекордна серија, каква што досега не е видена во историјата, започна на 26 март 2024 година, на пријателскиот натпревар против Бразил, кој заврши 2:2.

Оттогаш трае оваа неверојатна низа.

Последен пат Шпанија загуби неколку дена пред споменатиот дуел со Бразил, во пријателскиот натпревар против Колумбија. Муњоз тогаш беше стрелец за јужноамериканската селекција, а малкумина можеа да претпостават дека „фуријата“ токму од таа турнеја низ Латинска Америка ќе започне незапирлив поход без ниту еден пораз.

Вистина е дека Шпанците подоцна, во јуни 2025 година, загубија во финалето на Лигата на нации против Португалија, но по изведувањето на пеналите, откако регуларниот дел заврши 2:2.

Тоа значи дека ниту тогаш не беше прекината оваа неверојатна серија.

Инаку, претходниот рекордер беше Италија под водство на Роберто Манчини, која имаше 37 последователни натпревари без пораз.

ПретходноПријателска: Струга ТЛ го декласира Охрид