Одбојкарките на Вардар ЕМ му реваншираа на шампионот Работнички

0

Одбојкарките на Вардар ЕМ забележаа значајна победа во градското дерби против актуелниот шампион Работнички Скопје, славејќи со 3:1 во сетови (25:19, 19:25, 25:14, 25:23), во рамките на петтото коло од Првата женска лига. Со оваа победа Вардарки му се реваншираа на Работнички за поразот во Суперкупот и го израмнија меѓусебниот скор на 1:1.

Во останатите натпревари, Наковски Волеј беше подобар од Младост УГД со 3:1, додека Газели Волеј убедливо славеше на гостувањето кај Фит Фан Волеј со максимални 3:0. Идентичен резултат забележа и Јанта Волеј – КВ на гостувањето кај Струмица.

Најубедлив настап имаше Пелистер Волеј, кој без загубен сет го совлада Фламинго Волеј со 3:0, дозволувајќи му на противникот само 43 поени во трите сета.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 5. КОЛО

ЖОК Вардар ЕМ – Работнички Скопје 3:1 (25:19, 19:25, 25:14, 25:23)

Наковски Волеј – Младост УГД 3:1 (22:25, 25:22, 25:21, 25:19)

Фит Фан Волеј – Газели Волеј 0:3 (8:25, 19:25, 16:25)

Струмица – Јанта Волеј – КВ 0:3 (19:25, 23:25, 23:25)

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0 (25:8, 25:19, 25:16)

ПретходноПал со 38 поени го однесе Штип до трета победа сезонава