И официјално, нашиот најдобар одбојкар и капитен на репрезентацијата,Никола Ѓоргиев се врати во тимот на Карловарско, во Чешка.
Ова денеска на својот сајт и своите социјални мрежи го потврди и самиот клуб од Чешка.
Инаку македонскиот одбојкар беше дел од Карловарско во втората полусезона со кого стигна и до финалето на Купот на Чешка, досега тој во изминатите месеци немаше клуб, па така одлучи да се врати во нему добро позната средина.










