Червар пред дуелот со Гумерсбах: Мора да покажеме волја и желба

1
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Утре од 20.45 часот во рамките на 4.коло во групата Г во ЕХФ Европската лига, Пелистер на свој терен го пречекува Гумерсбах, еден од најголемите клубово во Германија. Познато е дека во изминатите три кола тимот на Лино Червар не успеа да запише ниту една победа, додека германскиот клуб има две победи и едно реми. Јасно е дека нашиот претставник го чека тешка задача во Битола.

Во пресрет на утрешниот меч, свое видување има Лино Червар, стратегот на Пелистер:
“Прво ја користам оваа прилика да и се заблагодарам на публиката за трпението. Знам дека сите би сакале многу, но одиме чекор по чекор. Пред нас е тежок натпревар, Гумерсбах и тоа како е силна екипа, составена од квалитетни ракометари. Гостите можеби се фаворити, но ние мораме да покажеме волја и желба. Борбата и волјата мора да бидат поголеми“ рече покрај другото Червар.

ПретходноЦветанка Димова: Имаме квалитет, потенцијал, и добра иднина пред нас