Ѓоковиќ и понатаму далеку од врвот – Зверев ја зголеми предноста

0
Фото: BNP Paribas Open@BNPPARIBASOPEN

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа 12. позиција на најновата АТП-листа, објавена денеска, 16 ноември.

Ѓоковиќ моментално има 2.940 поени, а за враќање меѓу десетте најдобри тенисери во светот му недостигаат уште 294 поени.

Српскиот ас не успеа да обезбеди пласман на завршниот мастерс во Торино, откако настапот на мастерс-турнирот во Париз го заврши уште во второто коло, со пораз од Австралиецот Ринки Хиџиката.

На врвот на АТП-листата нема промени. Германецот Александар Зверев и понатаму е прв светски рекет со 9.320 поени.

Зверев ја зголеми предноста во однос на Јаник Синер, кој поради повреда на коленото ја заврши сезоната и нема да може да ја брани титулата на завршниот мастерс.

Италијанецот остана на втората позиција со 7.950 поени, односно 1.370 помалку од германскиот тенисер. Третото место му припаѓа на Карлос Алкараз со 6.100 поени, додека четврти е Американецот Бен Шелтон со 5.170.

Данил Медведев е петти со 3.820 поени, а зад него следуваат Флавио Коболи, Артур Фис и Френсис Тијафо.

Промени имаше во завршницата од најдобрите десет. Тејлор Фриц напредуваше на деветтата позиција, додека младиот Шпанец Рафаел Ходар за првпат се најде меѓу десетте најдобри тенисери во светот.

Од елитното друштво испадна Австралиецот Алекс де Минор, кој сега се наоѓа на 11. место со 3.170 поени.

ПретходноДончиќ ја грабна таблата и ја нацрта акцијата (ВИДЕО)