*На дното има тешка НУЛА. Од репрезентација која играше баражи, сега сме “топовска храна“
Ова било процес?! Ама не ќе да е така! Ова е катастрофа, ова е мизерија. Вечерва А-репрезентацијата на Македонија предводена од Гоце Седлоски доживеа нов дебакл. Македонија – Словенија 0:3. Ова беше десетти меч на Седлоски како селектор, сите оваа година, и нов пораз. Без победа Седлоски ја заврши годината во тие 10 меча.
Со пораз ја заврши и Б Лигата на Нации. Шест меча и шест порази со гол разлика 1:15.
Неверојатни бројки зад Седлоски.
По ова што да се каже? Па и еден Светлост Кукуречани менува тренер по 6/6 порази, а ќе вдиме како ќе биде сега. Каков потег сега ќе се повлече.
И за крај од репрезентација која некогаш играше баражи, сега сме само “топовска храна“, па после се чудиме зошто на трибините на Арената има само 1.875 гледачи.
И, да. Гоце Седлоски е најлошиот селектор во историјата!!!
Тоа се фактите, така велат бројките!










