На нешто повеќе од еден час до почетокот на средбата од 6.коло во Б Лигата на Нации во групата 1, меѓу Македонија и Словенија, кој се игра на Арената во Скопје, познати се и стартните состави на двете селекции.
Селекторот на Македонија, Гоце Седлоски се одлучи за следните единаесет стартери:
Димитриевски, Илиевски, Младеновски, Муслиу, Алиоски, Елези, Гаштаров, Барди, Чурлинов, Елмас, Растодер.
Ова значи дека има една измена во однос на стартниот состав во Глазгов, па така сега место Дориев шанса добива Елези/
Додека селекторот на гостите, Боштјан Цесар, реши да им даде шанса на следните единаесет: Облак, Дркушиќ, Зец, Залетел, Јанжа, Карничник, Черин, Ловриќ, Штурм, Матко, Випотник.
Инаку познато е дека овој меч за Македонија нема никакво резултатско значење, ние на крајот ќе завршиме како последни, додека Словенија посакува победа со која и дефинитивно ќе заврши како втора во групата.










