Македонската фудбалска репрезентација до 19. години предмалку во Турново, на стадионот „Кукуш“ го одигра и третиот дуел од активниот квалификациски турнир на кој што сме домаќини против репрезентацијата на Малта.
нашите млади фудбалери извојуваа победа од 2:3, со гол постигнат во последните секунди од дуелот. Херојот е Габриел Талески кој што реализираше во втората минута од судиското продолжение.
Претходно дојдовме во водство со голот на Филип Цветковски, играчот на Вардар, израмни противникот преку Невел, за да Јаков Стојковски повторно ни донесе водство.Атард израмни во 89. минута, а како што веќе рековме Талески погоди за наш конечен триумф.
Со оглед на фактот што сега ние имаме четири бода, исто колку и Северна Ирска со кого одигравме 0:0 во првото коло и со која што имаме ист број на бодови, но и иста гол разлика 3:3, треба да почекаме УЕФА да ја направи конечната табела и да се знае дали сме второпласирани. Во истото влијаат и жолтите картони според пропозициите.
Табела:
- Швајцарија 3 9:0 9
- Македонија 3 3:3 4
- Северна Ирска 3 3:3 4
- Малта 3 3:12 0










