Очекувано, ако се знае дека веќе извесно време е во аут поради повреда. Имено Ненад Костески не се најде на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров за СП 2027, кое ќе се одржи во јануари во Германија.
Костески има повреда на задната ложа и треба да биде подвргнат на операција. Тоа значи дека Македонија, односно селекторот Кирил Лазаров ќе мора без него на Мундијалот.
Инаку познато е дека Ненад Костески не беше дел од репрезентативниот состав на квалификациските дуели за пласман на СП 2028, против Луксембург и Грција минатата недела.










