Кугларите ги добија ривалите за Светското екипно првенство во 2027 година

1

Македонските сениорски репрезентации во куглање во машка и женска конкуренција ги дознаа противниците во групната фаза на 12. Светско екипно првенство, кое од 26 мај до 5 јуни 2027 година ќе се одржи во германскиот град Алтенбург.

По ждрепката, првиот впечаток е дека Романија ќе биде најважниот ривал на Македонија во двете конкуренции во борбата за пласман во нокаут-фазата.

Во женска конкуренција, Македонија е во група со Романија, Чешка и Естонија. Нашите кугларки го отвораат настапот на 27 мај со дуел против Романија, со почеток во 14:40 часот. Два дена подоцна, на 29 мај од 11 часот, следува натпреварот со Чешка, додека групната фаза ќе ја завршат на 31 мај против Естонија, исто така од 11 часот.

Во машка конкуренција, Македонија е во група со Романија и Австрија. Првиот натпревар е на 28 мај против Романија, од 18:20 часот, а вториот на 1 јуни против Австрија, во истиот термин.

ПретходноПотпретседателот на Е. Пелистер по поразот од Алкалоид: „Срам да ви е на сите играчи и тренери!“