Оливер Богатинов: Знам дека утре речиси цела фудбалска Македонија ќе навива за Тиквеш!

1

Утре од 13 часот на Арената во Скопје, во дербито на 14.коло се среќаваат Вардар и Тиквеш. Познато е што се случуваше во 1/8 финалето во Купот, познато е како епилог доби тој меч, токму затоа сега кавадарчани ќе имаат големи мотиви да се одмаздат и да покажат дека се подобри на зелениот терен.

За “СпортСпорт“ во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар има Оливер Богатинов, шефот на струката на Тиквеш:

“А, што да кажам пред овој меч? Познато е што се случуваше во Купот, но исто така знам дека утре речиси цела фудбалска Македонија ќе навива за Тиквеш. Тоа на мене и на играчите на Тиквеш секако дека ни годи, со оглед на тоа дека момците ги заслужуваат тие симпатии за се што досега покажаа на теренот. Би сакал да нагласам дека Вардар е фаворит на овој натпревар и фаворизиран. Но и покрај тоа, ние на теренот сакаме да ја покажеме својата сила и ќе се обидеме да дадеме максимум, за натпреварот за го завршиме со позитивен резултат, при што и освоен бод би претставувал позитивен исход“ посочи Богатинов и додаде…

“Јас не сакам силата да се покажува надвор од игралиштето. И покрај зголемемата преозналивост, сметам дека единствено мерило треба да биде теренот, без надворешни влијаниа врз резултатот. Токму тоа на долг рок води кон подигнување на квалитетот на македонскиот фудбал, што сите ние, како учесници во фудбалот, треба да се залагаме и да работиме од ден на ден“ заврши стратегот на кавадарчани.

ПретходноОфицијално: Куртоа во Реал Мадрид до 2028! (ФОТО)