Полувреме: Се гаѓаат пречки, ама нема голови на Чаир

0

Шкендија (А) – Башкими 0:0 по првото полувреме од првиот меч во 14.коло во ПМФЛ, кој се игра на стадионот на Чаир во Скопје.

Демири во 13.минути директно од корнер го погоди горниот дел од пречката на гостите, врати Ристовски во 18.минута кога од добра ситуација шутираше кон домашниот гол ама таа таа топка заврши во пречката на Столевски.

Ристовски во 30.минута и тоа како опасно се закани, но домашниот голман Столевски во последен момент ја спаси својата мрежа.

Шкендија Арачиново на лошиот терен на Чаир, ја имаше иницијативата, инсистираше на атаци кон гостинскиот гол, но кумановци беа поконкретни и притоа креираа две убави шанси водство, сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

ПретходноСелекторот на Кипар дециден: Македонија е фаворит!