Селекторот на Кипар, Апостолос Манциос, ја коментираше ждрепката за баражот во Лигата на нациите, која за противник на неговата репрезентација ја одреди Македонија. Тој истакна дека Кипар со максимална сериозност ќе му пристапи на двомечот, иако е свесен дека македонската селекција ќе ја има фаворитската улога.
Манциос изрази задоволство што Кипар за првпат ќе се бори за пласман во Б дивизијата, нагласувајќи дека неговите фудбалери ќе се подготват најдобро што можат и ќе ги искористат сите можности за остварување на целта.
„Без разлика на противникот, однапред знаевме дека во баражот ќе бидеме аутсајдери, бидејќи противникот доаѓа од Б дивизијата. Ждрепката ни ја донесе Македонија. Ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе ги искористиме сите шанси за пласман во Б дивизијата, свесни за тешкотиите што нè очекуваат“, порача кипарскиот селектор.










