Арсенал ќе мора да продолжи без Букајо Сака во следните четири недели. Менаџерот Микел Артета потврди дека англискиот репрезентативец сè уште не е подготвен за враќање на терените, што претставува дополнителен удар за лондонскиот тим во продолжението од сезоната.
Дополнителен проблем за Арсенал е повредата на Мартин Зубименди. Шпанскиот репрезентативец се повреди на натпреварот од Лигата на нациите против Англија, кој Шпанија го загуби со 2:3. Првичните информации по магнетната резонанца покажале повреда на задната ложа, поради која ќе биде надвор од комбинација неколку недели.










