Противник во баражот за опстанок во Б Лигата на Нации ќе ни биде селекцијата на Кипар. Така сакаше ждрепката денеска во Нион. Првиот меч го играме на Кипар а реваншот на свој терен од 25 до 30 март 2027 година.
Интересно, досега против оваа селекција сме играле двапати и имаме поведа дома, и реми на гости во квалификациите за ЕП 1996 година.
Првиот меч го игравме во Скопје на 17 декември 1994 година и победивме со 3:0, стрелец на сите три гола беше Бошко Ѓуровски. Во истата квалификациска група, но на гости во Лимасол, одигравме 1:1, стрелец на тој гол беше Б.Јовановски.
Инаку Кипар заврши како втор во својата група 2 во Ц Лигата на Нации и тоа зад Црна Гора а пред Ерменија и Летонија и така се здоби со право да се најде во баражот за пласман во Б Лигата на Нации.
Селекцијата на Кипар на последната ранкин листа на ФИФА се наоѓа на 127.место, а Македонија на 73.место. Ова значи дека ние влегуваме како изразит фаворит на хартија во овој двомеч.
Селектор на Кипар е Акис Мантциос.










