Лука Дончиќ влезе во историјата на НБА-лига (ВИДЕО)

0
Фото: ЛА Лејкерс Х

Лука Дончиќ и Лејкерси од 106-104 против Сакраменто, а Словенецот влезе во историјата на НБА-лига. Тој на овој натпревар постигна 25 поени, имаше и осум асистенции.

Дончиќ стана првиот кошаркар кој во првите 15 натпревари од една сезона успеал да забележи повеќе од 550 поени, 100 скока и 100 асистенции.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и го предводеше Денвер Нагетс до победа над Хјустон Рокетс со 133:124. Српскиот центар го заврши натпреварот со 26 поени, 11 асистенции и седум скока, а особено блескаше во второто полувреме, во кое постигна дури 24 поени, од кои 18 во третата четвртина.

 

Кристијан Браун и Камерон Џонсон додадоа по 19 поени за Денвер, додека Арон Гордон натпреварот го заврши со 18. Демар Дерозан постигна 15, а Џамал Мареј 14 поени, дополнети со седум асистенции.

Публиката во Денвер имаше можност да проследи исклучително неизвесен натпревар, во кој екипите дури 32 пати се менуваа во водство, додека резултатот 17 пати беше израмнет. Ниту една екипа не успеа да направи предност поголема од пет поени сè до последните две минути од натпреварот.

За Нагетс ова беше шеста победа на последните осум натпревари, а особено значајно е што во претходните два дуела ги совладаа Хјустон и Бостон Селтикс, екипи кои заедно имаат скор од 23 победи и девет порази.

Од друга страна, најефикасен во редовите на Хјустон беше Алперен Шенѓун, кој забележа 28 поени, 11 скока и 10 асистенции, остварувајќи го својот втор трипл-дабл сезонава.

Турскиот центар првата четвртина ја одигра со заштитни очила, откако заработи гребнатинка на рожницата на натпреварот против Индијана во средата.

Фред Ванвлит додаде 25 поени и девет асистенции, а сите стартери на Хјустон го завршија натпреварот со најмалку 16 поени. Сепак, резервистите не успеаја да дадат соодветен придонес, постигнувајќи заедно само 12 поени, со дури 13 промашувања од 17 обиди од поле.

Денвер така остана непоразен во групната фаза на НБА купот, со ефект од две победи без пораз, додека Хјустон сега има скор од една победа и два порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Шарлот 111:97

Бруклин – Орландо 111:113

Кливленд – Индијана 128:119

Детроит – Торонто 102:105

Чикаго – Вашингтон 94:98

Оклахома – Њу Орлеанс 126:120

Јута – Феникс 101:111

Денвер – Хјустон 133:124

ЛА Лејкерс – Сакраменто 106:104

ПретходноПокетино успеа: На „Олд Трафорд“ пристигнува машина за голови – вредна 120 милиони евра!