Алкалоид ја доби првата пресметка против Горење Велење во рамките на третото коло во ЕХФ Европскиот Куп, на домашен терен славеше со 32-23 (15-10). Реванш натпреварот се игра за седум дена, избраниците на Кирил Лазаров останува само да ја потврдат оваа победа.
Марко Митев и Џонов со по пет погодоци беа први стрелци, по четири гола имаа Никола Костески и Ѓоргиев.
Првите шест минути од натпреварот им припаднаа на гостите, кои отворија со 1-4. Петковски го прекина налетот на противникот, а по одбраната на Кизиќ следеа два нови гола на Алкалоид за 5-5. Македонскиот тим не застана, па на средината на првото полувреме дојде до првото водство на мечот (6-5).
Галев во два наврати одбрани удари од седум метри, Кизиќ ја продолжи добрата серија, а Алкалоид веќе во 19. минута поведе со 13-10. Горење се обидуваше да се врати во мечот, но избраниците на Кирил Лазаров веќе ја презедоа контролата. По 30 минути игра резултатот беше 15-10.
После само пет минути во второто полувреме, Алкалоид со серија од 4-1 поведе со највисоки 19-11 и само потврди на дело зошто е фаворит на овој натпревар. Пред 45-та минута, домаќинот не искористи шанса да дојде до двоцифрена позитива, па противникот успеа да намали на минус седум (22-15), а потоа и на 25-20. Сепак ова не го промени текот на натпреварот, ниту го загрози водството на Алкалоид.










