ЕХФ Европски Куп: ГРК Охрид со стил го завери пласманот во 1/8 финалето

0
ФОТО:facebook.com/hcohrid

Очекувано, рутински и со стил ракометарите на ГРК Охрид го заверија пласманот во 1/8 финалето во ЕХФ Европскиот Куп. По вчерашните 30:19 во првиот меч против Драгунас Клаипеда од Литванија, вечерва во вториот меч во “Билјанини Извори“, македонскиот претставник успеа по вторпат да слави и тоа со 32:25 со што стави печат на овој севкупен триумф на бранителот на трофејот во ова европско натпреварување.

Ова беше само одработување на полесен тренинг што се вели за тимот на стратегот Борис Ројевиќ. Без многу напор, со штедење на силите, јасно беше уште пред почеток на средбата кој ќе оди натаму ако се знае дека на првиот меч охриѓани славеа со +11 голови разлика.

Домашните добро го отворија мечот, во 5.минута имаа 3:0, па потоа и 4:1. Драгунас успеа барем за малку да се врати во игра со тие 4:3 во 10.минута, но на пауза се замина со солидна предност од 15:11 за ГРК Охрид.

Во второто полувреме охриѓани, како што веќе потенциравме ги пчуваа силите, кога Литванците ќе дојдоа до -1 или -2, веднаш домашните си билдаа разлика од +4 или +5, па и повеќе, со што сакаа да стават до знаење дека и овој меч сакаат да го добијат и со стил да одат во следната фаза.

Кај победничкиот состав најефикасен беше Ѓукиќ со 7 голови, додека голманот Блажески блескаше со 15 одбрани.

ПретходноБледи Шкемби: Победивме, ама не ми се допадна тоа што го видов во првото полувреме