Исланд може да остане без голема ѕвезда за дуелот со Македонија на СП

1
фото: X/ Hen_Livgot

Исландската репрезентација би можела да се соочи со сериозен хендикеп на претстојното Светско првенство. Еден од најдобрите ракометари на оваа селекција, Омар Инги Магнусон, заработи повреда на гостувањето на Магдебург кај ГОГ, поради која неговиот настап на Мундијалот е доведен во прашање.

Десниот бек се повреди во победата на германскиот тим на гостински терен во Данска. Првичните информации не се охрабрувачки, а тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, не ја исклучува можноста да остане без својот ракометар до крајот на годината.

„Не сакам да давам никакви прогнози. Мораме да почекаме и да видиме дали ќе може повторно да заигра во 2026 година“, изјави Вигерт.

Повредата на Магнусон е причина за загриженост и во исландскиот национален тим, особено ако се има предвид дека Светското првенство започнува во јануари. Исланд ќе биде еден од противниците на Македонија во групната фаза, а натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург. Покрај двете селекции, во групата се и Јапонија и Бахреин.

Македонија против Исланд ќе се соочи на 19 јануари, со почеток во 20:30 часот. До тогаш останува да се види дали Магнусон ќе успее да се опорави и да биде дел од исландскиот состав за Мундијалот.

ПретходноИнфантино планирал да ги продаде правата за Светското првенство на речиси 100 години!