Соопштение на РФМ: Поради безбедносно – технички причини, You Tube каналот на ракометната федерација привремено е недостапен!

0

Попладнево од раководството на Ракометната федерација на Македонија се огласија со соопштение, во кое се информира дека поради безбедносно – технички причини, YouTube каналот на ракометната федерација привремено е недостапен.

„Поради безбедносно-технички причини, официјалниот YouTube канал на Ракометната федерација на Македонија, RFM Handball, во моментов е привремено недостапен.

Нашите надлежни служби активно работат на отстранување на проблемот, со цел каналот во најкраток можен рок повторно да биде достапен за сите љубители на ракометот.

Ви благодариме за разбирањето и трпението.

Ракометна федерација на Македонија“

ПретходноПМФЛ: Бод за Шкендија, бод за Силекс во меч со многу емоции на Арената во Скопје!(ФОТО)