ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Оливер Богатинов (Тиквеш)

0

Еден од најдобрите потези кои Тиквеш некогаш ги направил во својата историја, е доведувањето на Оливер Богатинов за тренер. Македонецот од Словенија е навистина доктор по фудбал, и буквално. Тиквеш под негово водство игра спектакуларно, има само еден пораз и тоа од Шкендија Арачиново, а против Вардар за две недели има две победи и тоа на гости, со гол-разлика 1:6. Иако таа победа во Купот му беше доделена на Вардар службено, ама бодат тие 1:3, и тоа како. Во Кавадарци беше 1:1 против Вардар, ама со играч помалку а според шансите требаше да биде барем 5:1.

Значи Богатинов на трите меча со Вардар оваа есен, просто играчки го растури шампионот, има две победи и едно реми.

Едноставно, кој си знае, си знае.

Во саботата на Арената во Скопје гостите од Кавадарци предводени од феноменалниот Богатинов просто го ЗГАЗИЈА Вардар и го победија со 0:3.

Зарем треба објаснување зошто Богатинов е тренер на ова 14.коло?

ПретходноДејан Мијатовиќ и официјално стартуваше со работа во МЗТ Скопје Аеродром