Во рамките на претквалификациите за Евробаскетот 2029, македонската машка кошаршарска репрезентација се соочува со предизвикот наречен, гостување на Кипар.
Селекторот на Кипар, Панајотис Јанарас, во денешната изјава по повод овој меч вели дека е свесен со каков противник се соочува неговиот состав, и дека и покрај домашната предност нема воопшто да биде лесно.
„Мораме да се соочиме со тим со кошаркари кои се натпреваруваат на многу високо ниво, како што се во Евролигата и Еврокупот, и воопшто играчи од голема вредност. Добро знаеме колку е тешка нашата мисија. Сепак, нашите играчи ќе дадат сè од себе за да извлечеме максимум од следните два натпревари“, вели селекторот на Кипар.
Тој дополнително ја нагласува важноста на гостувањето во Скопје, потенцирајќи дека Кипар сака да ја потврди позитивната динамика што ја донесе победата над Австрија.
„Верувам дека натпреварот против Македонија е многу важен. Сакаме да покажеме дека победата против Австрија ни даде нова динамика како национален тим“, истакнува Јанарас.










