ГРК Охрид во Битола ќе има поддршка од 250 фанови!

0

Овој викенд повторно ќе имаме дерби дуел од врвот на табелата во Супер-лигата. Во салата „Боро Чурлевски“ во сабота, силите ќе ги одмерат Пелистер и ГРК Охрид. Станува збор за пресметка за третото место на табелата, кое во овој момент му припаѓа на езерскиот тим, кој има 19 бода, еден повеќе од битолчани.

Охриѓани на својата официјална страница ги повикаа своите фанови да дојдат и да ги бодрат од лице место, раководството на клубот обезбедил 250 карти, а сите очекуваат дека навивачите ќе одговорат позитивно и ќе дојдат во Битола каде ќе биде вистински празник на ракометот со оглед на посетеноста на ваквите натпревари кога игра Пелистер.

Првата срредба заврши без победник, па се очекува и овој пат да биде неизвесно до самиот крај.

ПретходноБерокал: Кипар е нашата шанса да бидеме поблиску до целта!