Кошаркарската репрезентација на Словенија има нов селектор. Имено Барселона не му дозволи на Александар Секулиќ да ја предводи Словенија во ноемврискиот и февруарскиот квалификациски прозорец. Привремено ќе го наследи Домен Зевник, кој ќе ја предводи репрезентацијата до крајот на квалификацискиот циклус.
Барселона не му дозволува на Секулиќ истовремено да ги извршува функциите на клупски тренер и селектор на репрезентацијата, потврди Кошаркарскиот сојуз на Словенија.
Зевник ќе ја предводи словенечката репрезентација веќе во петок, кога ќе ја пречекаат финската репрезентација во салата „Златорог“ во Целје. Потоа, Словенија игра против Унгарија на гости.










