Несекојдневна ситуација во Бразил.Играчот на легендарниот клуб, Васко Де Гама, Давид Кореа да Фонсека, е уапсен во тренинг базата на клубот поради основани сомненија за негова поврзаност со мафија, и нелегални активности.
Покрај него, издаден е и налог за играчот на Вила Нова, Хајнер. И за обајцата има сериозни индиции дури и за вмешаност во убиства.
Истрагата е дел од голема полициска операција против криминалната група „Командо Вермело“. Името на Давид се појави во прислушувани разговори со неговиот пријател од детството Руан Круз, кој е на судење за обид за убиство во 2024 година.
Васко де Гама објави дека му обезбедиле на играчот помош од правниот оддел на клубот и го следат развојот на случајот. Давид е во Васко де Гама од 2024 година, а оваа сезона има шест гола и три асистенции на 46 натпревари во сите натпреварувања.
⚠️🇧🇷 LA POLICIA FUE A BUSCAR A DAVID, JUGADOR DE VASCO, MIENTRAS ENTRENABA.
Informan que es investigado por intento de homicidio, tráfico de drogas y coacción. ⛔️ https://t.co/rbWbvMkxxu
— Sudanalytics (@sudanalytics_) November 26, 2026










