Суперкомпјутерот на аналитичката компанија Опта ги ажурираше прогнозите за освојувачот на Лигата на шампионите 2026/27, по одигрувањето на петтото коло од лигашката фаза.
На врвот на листата на фаворити е лондонски Арсенал, на кого му се даваат 18,6 проценти шанси да ја освои титулата, која досега никогаш не ја освоил.
Втор фаворит е Баерн Минхен со 16,3 проценти, додека третото место и припаѓа на Барселона со 12,6 проценти. Актуелниот двократен европски шампион ПСЖ е четврти со 12,4 проценти, а Реал Мадрид е петти со 10,7 проценти.
Особено е интересно рангирањето на Реал Мадрид. Иако „кралевите“ се единствената екипа со максимални пет победи од пет натпревари во лигашката фаза и се лидери на табелата, Опта сепак им дава помали шанси за конечен триумф од четири други европски гиганти.
Топ 10 фаворити според Опта:
- Арсенал – 18,6%
- Баерн Минхен – 16,3%
- Барселона – 12,6%
- ПСЖ – 12,4%
- Реал Мадрид – 10,7%
- Манчестер Сити – 6,7%
- Ливерпул – 6,3%
- Интер – 3,4%
- Борусија Дортмунд – 2,3%
- Комо – 2,2%










