Тест мечеви за ракометарите со Црна Гора пред Мундијалот

50
Фото: РФМ

Машката македонска ракометна репрезентација во рамките од подготовките за претстојниот Мундијал на кој што сме учесници, ќе одигра два подготвителни дуели со репрезентацијата на Црна Гора.

Мечевите се закажани за 8 и 10 јануари 2027 година, и се еден вид генерална проба за она што следува потоа, односно Светското првенство.

Репрезентацијата на Македонија на чело со селекторот Кирил Лазаров има големи очекувања од претстојниот светски самит и нормално, адекватна подготовка, не само што е потреббна туку и неопходна.

Токму затоа селекцијата предводена од селекторот Зоран Рогановиќ се смета како адекватен противник за такво нешто.

 

 

ПретходноПокетино: Горд сум на моите играчи!
СледноМакедонија У15 по втор пат поразена од Србија