Баерн нема да го казни Кимих за критиките кон раководството

0

Баерн Минхен нема намера да го казни Џошуа Кимих по неговите јавни критики кон раководството на клубот. Според информациите на „Билд“, челниците на баварскиот гигант ја прифатиле неговата реакција смирено и не сакаат дополнително да ја разгоруваат веќе чувствителната ситуација.

Кимих застана во одбрана на Џамал Мусиала, откако неколку високи функционери на Баерн јавно го доведоа во прашање неговото враќање во најдобрата форма, како и оправданоста на неговата висока плата, поради здравствените проблеми и долгото отсуство од терените.

Капитенот порача дека проблемите требало да се решаваат внатре во клубот, а не преку јавни изјави на сметка на фудбалерот. Според него, клубот е поважен од секој играч, но не и од човекот.

ПретходноСудиите во Премиерлигата бесни поради поништувањето на црвениот картон на Лени Јоро – бараат објаснување од ФА!