Машката македонска ракометна репрезентација во рамките од подготовките за претстојниот Мундијал на кој што сме учесници, ќе одигра два подготвителни дуели со репрезентацијата на Црна Гора.
Мечевите се закажани за 8 и 10 јануари 2027 година, и се еден вид генерална проба за она што следува потоа, односно Светското првенство.
Репрезентацијата на Македонија на чело со селекторот Кирил Лазаров има големи очекувања од претстојниот светски самит и нормално, адекватна подготовка, не само што е потреббна туку и неопходна.
Токму затоа селекцијата предводена од селекторот Зоран Рогановиќ се смета како адекватен противник за такво нешто.










