Костадинов “поцрвене“ во хаосот против Артис Брно!

1
ФОТО:.facebook.com/fcslovacko.cz

Нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов нема по добро да го памети вечерашниот меч на неговиот Словачко на гостувањето кај Артис Брно во меч од елитната лига на Чешка. Имено во еден хаотичен меч тој “поцрвене“ во 49.минута поради удирање на противнички играч во пределот на лицето во жар на борба за една топка. Како што известуваат медиумите од Чешка, по гледањето на ВАР снимката, судијата се одлучил да му додели директен црвен картон на Македонецот. Инаку во тој момент резултатот беше 1:1.

Што се однесува до овој меч истиот и тоа како е хаотичен ако се знае дека до 70.минута судијата доделил три црвени картони.

ПретходноНеверојатно: Мусијала повторно се повреди!