Нереална ситуација…таткото на првиот човек на босанскиот фудбал го удри судијата на мечот Борац – Аталанта (ВИДЕО)

2

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Конференции во Бања Лука се одигра дуелот помеѓу домаќинот, Борац за кој што настапуваат нашите Себастиан Херера и Дамјан Шишковски и тимот на Аталанта за која што секако настапува Елиф Елмас.

Во легендарен дуел, домаќинот имаше предност од 2:0, но фаворитот потоа направи комплетен пресврт од 2:3. Во дуел во кој што домаќинот мечот го заврши со два играчи помалку, а токму нашиот Херера доби исклучување.

По крајот на дуелот, домаќинот сосема нормално екстремно незадоволен од исходот, вина најде во судијата од Белгија, извесен Натан Вербомен.

Па при неговото излегување од теренот покрај вербалниот напад, белгиецот доби и физички.

И тоа не од било кого туку од таткото на претседателот на Фудбалската Федерација на Босна, Вицо Вељковиќ, извесниот Спасан Вељковиќ.

Нереалната ситуација беше „фатена“ на камера, а какви последици Борац Бања Лука како клуб ќе има поради ова останива да видиме.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк:

http://klix.ba/sport/nogomet/incident-na-terenu-poslije-zavrsetka-utakmice-borca-i-atalante-stariji-muskarac-udario-sudiju-po-ledima/261127083#dmid=b0d77459-310d-4fd6-8990-5bca05296aeb

 

Претходно„Пиратско“ победничко селфи среде Куманово