ПМФЛ: Башкими оди по “реприза“, Скопје по одмазда

0

Попладне (13 ч) во меч од 15.коло, на стадионот на Башкими во Куманово, истоимениот тим го пречекува составот на Скопје. Јасно е дека ова и тоа како ќе биде возбудлив и интересен меч во битката за опстанок. И двете екипи се во опасната зона на табелата и секој бод, секоја победа се златно вредни.

Инаку на првиот меч сезонава, кој се одигра на теренот на ФФМ, тогаш Башкими како гостин славеше со 1:2, па секако дека посакува “реприза“ – нова победа против “пиратите“ од Автокоманда. Од друга страна гостите одат по одмазда и тоа охрабрени по првата победа сезонава која беше извојувана минатото коло против составот на Арсими.

Сега последниот Скопје има 7 бодови, -7 бодови во однос на осмиот Башкими, има многу уште да се игра, ама кога се играат ваквите мечеви, кога тоа се директни пресметки тогаш јасно е дека секој гол, секој бод е екстра важен.

Овој меч кој е закажан за денеска од 13 часот, ќе го суди Алекандар Грујоски.

ПретходноЈака Малус се враќа во Словенија, познати и клубовите кои го посакуваат?