Силекс го сопре лидерот на ужасниот терен во Кратово!

0

Силекс – Струга ТЛ 1:0 е исходот од денешниот меч во Кратово, во рамките на 15.коло. Големи три бода за кратовци, а Струга ТЛ и покрај поразот и натаму ќе остане лидер на табелата. Решавачкиот момент се случи во 57.минута кога Донов по една контра ја затресе мрежата на гостите.

Силекс подобро го отвори мечот, подобро се снајде по ужасниот терен во Кратово. Како да се играше “ватерполо“, а не фудбал.

Веќе во 5.минута Мишов со глава шутираше, но Василев одбрани во голем стил. Пех за кратовци, во 12.минута поради повреда мораше да го напушти теренот капитенот Анѓелески. Само минута покасно, стоперот Џеков исто со глава опасно се закани, но одново Василев фантастичен.

Во тие моменти Струга ТЛ се ослободи од притисокот и почна да се заканува и тоа преку шутевите на Шабани, Агамах и Папе Фал, но на одмор се замина со тие 0:0.

Само што започна вториот дел, Агамах можеше лесно да донесе водство за гостите, малки недостигаше да биде 0:1. Во 53.минута немили сцени, во битка за една топка, Шуберт со рака го удри Радески во пределот на главата, па мораше и докторскиот тим на Струга ТЛ да интервенира. По тоа Радески го напушти теренот.

Се играше 57.минута кога Донов погоди за 1:0, наизглед тоа беше офсајд, но по 3-4 минуто ВАР потврди дека е гол.

По тој примен гол Струга ТЛ тргна со сите сили во напад. Малески имаше зицер во таа 70.минута, но топката остана во вирот и не успеа да се дотркала во мрежата на Џеков.

На крајот резултаот гласеше 1:0 за Силекс, голема победа за кратовци.

ПретходноФудбалер на Васко де Гама уапсен во тренинг центарот на клубот (ВИДЕО)