Атлетскиот клуб „Аеродром“ од Скопје во недела, 29 ноември, ќе го организира третото издание на „Меѓународниот крос за пионери 2026“. Спортскиот настан ќе се одржи во Паркот Ново Лисиче, во Општина Аеродром, со почеток во 10 часот.
На кросот ќе учествуваат ученици од основните училишта, млади атлетичари, како и гости од странство. Организаторите најавуваат забавни трки за најмладите, со цел преку спорт, дружење и забава да се поттикне љубовта кон атлетиката и активниот начин на живот.
Сите учесници ќе добијат дипломи за учество, а најдобрите тројца во секоја дисциплина ќе бидат наградени со медали и дипломи.










