Очекувана, па и планирана победа на шампионот и тоа со 0:1 на гостувањето кај Арсими, денеска во меч од 15.коло во ПМФЛ. Победата ја донесе Бобан Николов во 19.минута кога убаво шутираше со глава и ја затресе мрежата на домашните.
Со оваа победа Вардар и тоа како се врати во “игра“ за врвот на табелата, сега е само на -5 бодови од лидерот Струга ТЛ.
Не дека тимот на Гроф Божовиќ одигра којзнае како спектакуларно, но сепак сосема доволно и умешно за да се дојде до целта, а таа секако дека беше победа и само победа.
Пред голот на Николов и Матиќ реализираше, исто со глава, но поради офсајд позиција, ВАР му го поништи тој гол на робусниот стопер на Вардар.
Гостите во текот на целиот меч знаеше што сака, се контролираа настаните на теренот кој и во Гостивар беше екстремно лош за играње.
Се редеа шансите, се креираа акции, но втор гол немаше па немаше. Кога Арсими остана со играч помалку во таа 70.минута, по исклучувањето на Гафури, јасно беше дека Арсими нема што да бара на овој меч.
Не дека кај домашните немаше желба за подобар резултат, имаше на моменти закани и добри акции, но сепак Вардар јазаслужи победата.















