Грците за првпат по 2002 нема да играат на светското првенство

0

Кошаркарската репрезентација на Грција нема да настапи на Светското првенство во 2027 година во Катар, откако ги загуби шансите за пласман по поразот од Шпанија со 83:74. За Грците ова е голем неуспех, особено ако се знае дека минатата година го освоија бронзениот медал на Европското првенство.

Грција по поразите од Грузија и Шпанија има скор од четири победи и шест порази во групата И и нема математички шанси да се најде меѓу трите селекции што ќе обезбедат пласман. Последен пат Грците го пропуштија Мундобаскетот во 2002 година. Тоа значи дека на СП 2027 нема да настапи ниту нивната најголема ѕвезда, Јанис Адетокумбо.

ПретходноКомо испорача три гола во мрежата на Јувентус